free web hosting | free website | Business Web Hosting | Free Website Submission | shopping cart | php hosting
orovnik pogled od planina

ОРОВНИК
Официјална веб страна

Дома
Одбор на МЗ
КУД „Илинден“
Црква „Св. Илија“
Манастир „Св. Петка“
Манастир „Св. Недела“
Свети Крст – Оровник
Карта на Оровник
Општина Дебарца
Контакт
macedonian flag

.
macedonian flag За Оровник
macedonian flag Клима и релјеф
macedonian flag Археологија и светилишта
macedonian flag Постанување на населбите
macedonian flag Етно-генеза на населението
macedonian flag Од историјата
macedonian flag Манифестации, празници и чествувања
macedonian flag
Фото галерии

Оровник е стара македонска населба. Се наоѓа на половина пат меѓу градовите Охрид и Струга, односно на 6,9 км на патот Охрид – Кичево. Како составен дел од атарот на Оровник (КО – с. Оровник) се наоѓа и Подмоље. Двете населби се сместени во подножјето на претпоследните југоисточни возвишенија од огранокот на Плаќеска Планина Мазатар, т.е. на неговиот дел Копарница.

Непосредно, западно од населбата Оровник, на најзиниот атар е меѓународниот аеродром „Охрид“.

С. Оровник се наоѓа во Струшката котлина, на брегот од Охридското езеро, а административно припаѓа на општина Дебарца. Со новата територијална поделба од 2005 год на селото му е направена голема неправда од страна на македонските законодавци така што атарот на селото е поделен на две општини (единици на локалната самоуправа) Охрид и Дебарца. На што се должи сето ова никој во селото не може да добие објаснување од државните органи. Се „шушка“ дека извонредно географски - поволната положба на селото сака да се подели, така што атрактивниот дел би го задржала општина Охрид (како привилегија и осигурување на доминација врз природните убавини на Охридското езеро), а додека останатиот ридски и планински предел би и припаднал на „селската општина“ Дебарца. Селото Оровник е населба самата за себе. Таа, не е ниту од Охрид, ниту од Дебрца, селскиот атар му припаѓа на Оровничани кои се и газди на тие имоти. Ниту поранешна СФРЈ за 50 години не успеа да го промени законот за „Катастарски Општини од 1937 год“, а уште помалку оваа власт може тоа да го направи, едноставно што тој закон е праведен и е отсликува реалната состојба. Власта, посебно  законодавците треба навреме да ја исправат оваа грешка и да го вратат достоинството на селото, а тоа е целата територија на КО – Оровник, односно населбите Оровник и Подмоље да припаѓаат во една општина, за да може жителите на тие села сами да одлучуваат за својот заеднички имот.

mzorovnik@yahoo.com.

orovnik pogled od ezero
.

Copyright©mz.orovnik2005
web design by I. Mitreski